Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицајци побарале и примиле поткуп за да не пишат казна, сега ќе одговараат

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З. , вработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ. Имено, пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК