25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ПАДНА ОДЛУКА: Зимско сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад

Владата реши – Нема укинување на зимското сметање на времето, со што би останале на летниот режим.

Зимското сметање на времето се враќа во недела на 30 октомври. Тогаш ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Ноќта меѓу сабота и недела часовниците треба да се вратат еден час назад, бидејќи завршува летното сметање на времето! Летното сметање на времето почна во неделата, на 27 март, кога часовниците се поместија еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот.

Компјутерите, мобилните телефони и другите модерни уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето, но доколку сè уште имате некој аналоген покажувач на времето или некој постар уред што „не може“ да го направи тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 на 2 часот.