20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шкриељ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со деструкција и злоба и да работи во интерес на граѓаните

Наместо да дискутираме за она што е тема и да се обидеме да направиме нешто, како пратеници, за граѓаните во овие тешки времиња на криза, опозицијата продолжува со истиот курс на навреди, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкриељ од собраниската говорница

Шкриељ потсети дека еврокомесарот Вархеи, кој е од сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, ја нарече ВМРО-ДПМНЕ нецивилизирана, којашто поттикнува омрза и шири насилство, известувачот за Западен Балкан во Бундестагот однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ го спореди со однесување на деца во градинка, известувачот во Европскиот парламент рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која не знае кај тера и кои и’ се вредностите, додека медиумите ја нарекоа коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска, Пиколомини за Скопје.

И навистина не знам како тоа не допира до вас, да се преиспитате и да го работиме она за што земаме пари и плата од граѓаните, а тоа е да носиме мерки, да носиме закони кои што одат во прилог на граѓаните, особено на најралнивите, нагласи Шкриељ.

Пратеничката Шкриељ ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, особено кога на дневен ред има точки што значат поддршка за најранливите, да не се обидуваат да се губат цели денови и да се трошат стотици илјадници евра со предлог точки за измени и дополнувања на дневен ред и да не излегуваат од салата туку да гласаат, кога треба да се гласаат закони како што беше законот за социјална заштита, што значи плус 3.000 денари за примателите на гарантиран минимален приход.

Сакам да упатам еден апел, да се преиспитате и да потворам плата земаме од граѓаните, дајте престанете со таа деструкција, со таа злоба и да почнеме да работиме заедно во интерес на граѓаните, ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката на СДСМ Санела Шкриељ.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: И ВРЕДИ признава, Чаир е во хаос, виновник е Изет Меџити

ДЕСК

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

ДЕСК

Прв состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст

ДЕСК