Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет – ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик

Премиерот Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме – целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.

„Првиот договор, ФРОНТЕКС, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред“, порача премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +