23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски од Битола: Ги спречивме ВМРО-ДПМНЕ во обидите за политичка дестабилизација

„Сведоци бевме за неколку обиди за политичка дестабилизација, создавање ново парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, рушење на Владата и враќање на земјата назад, во едно минато време на неизвесност. Тоа успеавме да го спречиме. Денеска не само што нема ново парламентарно мнозинство туку имаме зголемено парламентарно мнозинство предводено од СДСМ“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Битола.

Тој додаде дека тоа само ја мотивираше владејачката партија да работи поефикасно и подобро што се покажа преку мерките и политиките за помош на граѓаните и компаниите во време на кризите кои го погодија светот и покрај обидите за дестабилизација од опозицијата.

„Ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Серија на штрајкови гледавме, меѓу кои имаше и политички мотивирани и злоупотребени. И тоа успешно го изменаџиравме, се справивме со уште еден предизвик и тоа така заврши да на крај ВМРО-ДПМНЕ се судри со нив затоа што плановите не им успеаја“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека најсериозниот политички обид за интерна и надворешна дестабилизација на земјава беше околу т.н. француски, односно европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ, меѓутоа и тоа се надмина со цел да се обезбеди сигурна иднина за нацијата и земјата.