Centar.mk
ТЕМАНАУКАИЗБОР

Денеска затемнување на сонцето, ќе може да го следите од плоштадот Македонија

Денеска од плоштад во Скопје ќе се набљудува затемнувањето на Сонцето, јавува Скопското астрономско друштво.

Граѓаните ќе имаат можност по подолго време да видат делумно затемнување на Сонцето.

Кај нас, Месечината ќе го прекрије дискот на Сонцето некаде околу 30-тина проценти.

Настанот ќе почне околу 11:30ч, максимумот на затемнувањето ќе се случи околу 12:30ч, а затемнувањето ќе заврши околу 13:30ч.

Во Скопје ќе биде поставен телескоп во центарот на градот на плоштадот. Покрај телескопот, ќе можете да видите и други начини како може да се набљудува Сонцето, без опасност да го оштетите видот. Сите се добредојдени да го видат овој редок феномен на небото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте никако да го набљудувате Сонцето со голо око или уште полошо со некој оптички инструмент без соодветни филтри.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената

C +

„Глечерот на судниот ден“ се топи побргу од очекуваното, со ѕид ќе се одвојува од топлите океански води

C +

(Видео) Луѓето се враќаат на Месечината за прв пат по 50 години

ДЕСК