Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Владата: 0% увоз, во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија, соопштија владините служби.

„Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh“, се потенцира во владиното соопштение.

Според Владата, АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво, како што се напоменува, од сопствените, домашни капацитети.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК