Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со државнички политики Ковачевски обезбеди гас за училиштата и болниците, соопшти СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за обезбедување доволно енергенси за претстојната зима.

Со државнички политики Ковачевски обезбеди гас за училиштата и болниците.

Постигнат е договор со Република Србија, со кој Република Северна Македонија се иззема од забраната за извоз на природен гас.

Преку политиките на добрососедство, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, обезбеден е компресиран гас за потребите на училиштата и болниците во многу градови низ државата.

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи ги става на раполагање сите домашни капацитети за производство на електрична енергија.

100 отсто од потребите за струја за домаќинствата и малите потрошувачи се добива од домашно производство.

СДСМ и Ковачевски преземаат навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и компаниите за полесно справување со кризата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК