Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полицијата упадна на малолетничка забава во објект во Битола – Се пиело алкохол, децата предадени на родителите

На 23.10.2022 во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.„Елпида Караманди“ во Битола, каде се одржувала прослава, биле присутни малолетни лица кои консумираат алкохол.

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција, Отсек за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото, при што било констатирано дека на малолетници им било овозможено консумирање на алкохолни пијалаци, набавени од В.С.(19) од Битола, кој бил присутен на местото, со што постои сомнение дека сторил кривично дело казниво по чл.204 ст.1 од Кривичниот законик.

При контрола кај девет малолетници е утврдено присуство на алкохол и истите се предадени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК