Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе потпише Работен договор за соработка со Европското јавно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во понеделник, 24.10.2022 година ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.

Официјалното потпишување на документот ќе се одржи во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург во 12:00 часот.

На потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами и вршителот на должност шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ Миле Прангоски.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +