Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Средното општинско медицинско училиште Гостивар со нова фасада

Во средното општинско медицинско училиште денеска беше промовирана новоизвршената надворешна фасада.

На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека општината и во услови на криза издвоила средства за образовната инфраструктура.

„Оваа инвестиција со средства од општина Гостивар и самото училиште, во ова време на енергетска криза, беше повеќе од потребна. Новата фасада со енергетска ефикасност, покрај заштедите што ќе ги донесе на училиштето, го прави овој објект со современ естетски изглед. Се грижиме за образовната инфраструктура бидејќи таму учи иднината на градот“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Образованието во основните и средните училишта во Гостивар останува еден од главните приоритети на општина Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК