Centar.mk
КУЛТУРАвест

Промоција на романот “Превез” од Иван Стојановски

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на романот „Превез” од Иван Стојановски ден 28.10.2022 година со почеток во 19:19 часот во Салон – Империјал 2

Романот ќе го промовираат Верица Мукоска и Стефан Марковски, а извадоци од романот ќе чита писателот

Романот “Превез” е напишан помеѓу мојата 16 и 18 годишна возраст имено работен е две години 1998-2000. Откако е напишан ми беше сон да се објави и да се верифицира неговата вредност и квалитет што мислам дека ќе бидат приметливи и дека ќе наиде на добра рецепција.
Романот е преведен на англиски (The Veil) е и веќе неколку години се продава на Amazon.com го има во Kindle и во печатена верзија –бидејќи вршат принт по нарачка. Но иако е светски реализиран и од сите странци што го купиле и прочитале имам добар фидбек –редно е да добие македонска печатена верзија. Впрочем и рекламата за книгата е интригантна-вели:
“Изгубен ракопис патувал низ времето и просторот и сега е пред вас. Се осмелувате ли да го прочитате? “

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК