Centar.mk
вестЛОКАЛНО

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите

„Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите. Арсовска да си поднесе оставка затоа што ги измами гласачите и свесно го уништува Скопје. Арсовска да си поднесе оставка затоа што покажува неспособност“ се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат „Арсовска да си поднесе оставка, зошто во криза парите на скопјани ги троши на анкети. Додека Градот должи 1 милион евра на ЈП „Улици и патишта“, Арсовска фрла десетици илјади евра на себе промоција платена со парите на скопјани“.

„Арсовска да си поднесе оставка бидејќи молчи за долгот на Клинички центар кон ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, во висина од 2 милиони евра, само поради коалицијата која ја има со СДС. Еден месец по разидинувањето на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска Градот е пред банкрот, гледаме матни зделки на Арсовска и директорите поставени од нејзе, а предлог на СДС. Арсовска да си поднесе оставка зошто нема кредибилитет. Таа ја напушти програмата и ветувањата со кои дојде на власт и е на пат да стане полош градоначалник и од Петре Шилегов“ велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

СВР БИТОЛА СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА за започнување активности за отстранување на непрописно паркирани возила

ДЕСК

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Завршени анализите на водата за пиење, познати резултатите

ДЕСК

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК