Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски-Јохансон од Берлин: ФРОНТЕКС го потпишуваме на македонски јазик, МВР останува посветено на борбата против нелегална миграција, корупција, организиран криминал…

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на маргините на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција во рамки на Берлинскиот процес којшто се одржува денеска во Берлин, оствари средба со Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, при што беше разговарано за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата.

„Со особено задоволство ја информирав Еврокомесарката Јохансон дека Владата на Република Северна Македонија го прифати усогласениот текст на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС). Воедно, ја информирав еврокомесарката Јохансон дека Договорот којшто го парафирав во 2018 година, конечно ќе биде потпишан на македонски јазик, без додавки”, истакна министерот Спасовски упатувајќи благодарност до еврокомесарката Јохансон за континуираната поддршка на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.

„Остануваме посветени на спроведување на Планот за борба против корупцијата, како и на усогласување на македонското со европското законодавство, особено за поглавјата 23 и 24, коишто се во надлежност на МВР”, истакна министерот Спасовски по средбата со Еврокомесарката Јохансон.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК