Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи утре ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре 21 октомври, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, во Берлин, чиј домаќин оваа година ќе биде министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.
Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан во насока на достигнување на економски раст и развој, отворена пазарна економија и забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ.
На маргините на состанокот министерот Бујар Османи ќе има бројни билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК