Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени двајца криумчари, пронајдени девет мигранти од Сирија и Авганистан

Во текот на ноќта 19/20.10. 2022 на територијата на Република Северна Македонија, полициски службеници лишиле од слобода двајца странски државјани и пронашле девет лица мигранти од Сирија и Авганистан.

На 19.10.2022 во 19.20 часoт на регионален пат Дојран-Валандово, делница крстосница с.Фурка кон с.Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран и од Полициската станица Валандово, заедно со припадници на Армијата на РСМ, го лишиле од слобода И.Ш.(22) од Косово. При преглед во неговото возило „цитроен“, со косовски национални ознаки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија.

На 20.10.2022 во 01.30 часот на автопат Гевгелија – Скопје, на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.А.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „рено клио“ со српски национални ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицата криумчари биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК