Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

187 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 26 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, пет санкции за возење под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК