Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Зимско сметање на времето – Ќе треба ли да ги вратиме стрелките на часовникот за еден час?

Зимското сметање на времето по правило треба да се врати во недела на 30 октомври. Тогаш, доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Неодамна Владата излезе со информација дека поради кризата со енергија, а во однос на на нејзина заштеда, можно е зимава да останеме во летен режим на сметање на времето. Се ситнат деновите кога треба да биде донесена одлуката дали часовникот ќе се помести или не, со оглед на тоа дека останаа уште само две недели до промената.

Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.

Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад. Ако останеме во летно сметање на времето ќе имаме 1 час подолг ден, но будењето на утро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.