Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

79 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 79 сообраќајни прекршоци. Од нив девет за возење без возачка дозвола, пет за возење со брзина поголема од дозволената.

Изречени се седум мерки за технички неисправни возила, три мерки за неносење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +