Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ и температури под нулата и утре наутро, а од четврток заладување и преку ден – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

И утре на места утринските температури ќе се спуштаат под нула, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Во текот на денот и во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика од четврток до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Прогноза за 20.10.2022
Минимална температура: 1°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 21.10.2022
Минимална температура: -2°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 21°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Прогноза за 22.10.2022
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 21°C

Наутро по котлините ќе има појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК