Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До среда студени утра и топли денови, од четврток значителен пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза

До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло.

Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Прогноза за 19.10.2022
Минимална температура: -3°C до 7°C
Максимална температура: 20°C до 25°C

Претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот од север ќе се прошири облачност.

Прогноза за 20.10.2022
Минимална температура: 1°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 21.10.2022
Минимална температура: -2°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 21°C

Наутро во котлините и речните долини со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ГРУЕВСКИ ПО ДРАМАТИЧНИОТ ОРБАН: Анализа на можните сценарија

ДЕСК

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК