10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Centar.mk / илустрација
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Црн ден за скопските криминалци, МВР со серија апсења на територијата на главниот град

На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари. Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.09.2022 во 10.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од возило на Б.Т. од Скопје и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Т.К. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.10.2022 во 10.50 часот на бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2022 во 21.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2022 во 22.50 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2022 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2022 во 22.00 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2022 во 00.05 часот на подрачје на Гази Баба – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Ј.З.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2022 во 00.30 час на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2022 во с.Волково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба. Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: