„Финансиската поддршка која што е определена за примателите на некое од правото на социјална заштита изнесуваат 3000 денари месечно во наредните четири месеци, значи вкупна финансиска поддршка за секое лице од 12.000 денари, за пензионерите приматели на пензија до 11.525 денари, финансиската поддршка е вкупно 6000 денари односно 1.500 денари четири месеци, и за примателите на пензија од 11.526 денари до 14.000 денари вкупната финансиска поддршка е од 3.500 денари во наредните четири месеци“ изјави министеркат за труд и социјална политика во интервју за Цивил.
Таа такажа дека сетот од 350 милиони евра се мерки кои ќе помогнат на овие граѓани полесно да се пребродат економската и енергетската криза во пресрет на оваа тешка зима.
„Во пакетот се вклучени лицата кои по било кој основ не оствариле право на пензија, а се над 65 годишна возраст. Понатаму лицата кои што се корисници на правото на попреченост и децата со попреченост кои што се до 26 годишна возраст, се исто така дел од овие антикризни мерки. Сите оние лица кои што се приматели на правото на помош од друго лице, значи туѓа нега, а кои што имаат исклучително тешка здравствена состојба, или пак лица кои имаат некаква попреченост, а не се приматели на правото на попреченост, како и сите оние кои имаат статус на невработени лица, а се приматели на надомест преку Агенцијата за вработување согласно Законот за материјално обезбедување, односно стечајните работници кои што примаат надомест од Агенцијата за вработување по основ на овој закон“ објасни Тренчевска.
Министерката за труд и социјална политика изјави дека не очекува никакви опструкции од опозицијата за овој пакет мерки, бидејќи се работи за поддршка на најранливите категории на граѓани.