Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец, со пушка пукал на семејна веселба

На 15.10.2022 во с. Волково, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба.

Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК