Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 km југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.

Сеизмолошка опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

ДЕСК

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

ДЕСК