Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Антидржавната ВМРО-ДПМНЕ среде криза блокира закони во Собрание

Среде глобална економска и енергетска криза, антидржавната ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно. Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, во соодветните собраниски комисии и на пленарните седници, од кои голем дел се за полесно пребродување на кризата, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека од една страна од Белата палата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој којшто обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ. Со блокадите на законските решенија за полесно справување со кризата, ВМРО-ДПМНЕ им нанесува штета на граѓаните и на стопанството.

Владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

За помошта да стигне што поскоро до оние на кои им е најпотребна, потребни се измени на законски решенија, а не блокади, кочење и опструкции. ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК