Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: ЕК забележува за доцнењето закони кои се блокирани по вина на опозицијата

„Во однос на Собранието, имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата. Се нагласува потребата Собранието да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работат на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните измени.“- изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.

„Целосно се согласувам дека со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите, администрацијата, граѓанското општество, Собранието, бизнисите, академската заедница и сите други засегнати страни ќе ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во Унијата до 2030 година, како што впрочем се обврзавме на Меѓувладината конференција.Наше е да продолжиме со реформите, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес. Треба да работиме заеднички за надминување на слабостите и да се обединиме околу оваа национална задача.“- дополни вицепремиерот Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК