Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски одаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод Денот на народното востание – 11 Октомври владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски со високи почести положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Во владината делегација во Куманово се и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

На Спомен-костурницата во Куманово во тек е централната манифестација „Секогаш на вистинската страна“ посветена на државниот празник, на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Во чест на паднатите борци, како дел од официјалните делегации, свежо цвеќе положија и Сојуз на борци, делегација на Собрание, Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија, градоначалник на Општина Куманово, делегација на дипломатски кор и политички партии.

Можеби ќе ве интересира

Јаревски до Целеска: Кои се суштинските разлики помеѓу причините за одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка и кои се причините за воведувањето привремена администрација во Алта банка?

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ: ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД ШТИП ПРОНАЈДЕНИ ВО СТРУМИЦА – Претходно биле пријавени дека исчезнале

ДЕСК

УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Обљуба врз 12-годишно девојче – Приведен 21-годишник по пријава

ДЕСК