8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грковска: Пред 81 година ја избравме вистинската страна како дел од антифашистичката коалиција, и денеска сме на вистинската страна, ги промовираме правдата, мирот и соживотот

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која беше придружувана од заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдовски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, положија венец свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата , како дел од свечената програма за чествување на празникот под годинешното мото „Секогаш на вистинската страна”.

Вицепремиерката Грковска на граѓаните на Република Северна Македонија им го честиташе денешниот државен празник 11 Октомври, денот кога македонските партизани во 1941 година го означија почетокот на Народноослободителната борба и истакна дека секогаш сме на вистинската страна, почитувајќи ги слободата, човековите права и правдата.

„Денес е голем ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Денес се поклонуваме на сите оние кои на денешен ден во 1941 година го означија почетокот на Народноослободителната борба, на сите кои се бореа за нашата слобода. Општонародната борба не познаваше никакви етнички, верски или полови разлики. Обединети, рамо до рамо сите се изборија за слободна македонска држава и го остварија сонот на сите наши предци“, порача Грковска, во својата изјава по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври.

Таа нагласи дека пред 81 година ја избравме вистинската страна, станавме дел од антифашистичката коалиција и ја споделувавме и промовиравме праведната идеологија.

„Горда сум што секогаш низ историјата сме биле мудри и сме знаеле да ја избереме вистинската опција. Така пред 81 година ја избравме вистинската страна, станавме дел антифашистичката коалиција и ја споделувавме и промовиравме праведната идеологија. Горда сум и денес на мојата држава и на моите сограѓани, што кога светот се соочува со сериозни закани по мирот, сме на вистинската страна и не отстапуваме од аманетите на нашите борци од НОВ. Денеска, повеќе од кога било, ја гледаме придобивката од тоа што станавме дел од НАТО – Алијансата. Мудрите одлуки ни овозможија денеска да бидеме дел од светскиот безбедносен систем, како посебно значајна гаранција за помалите држави. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание“, рече Грковска.

Венци со свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ положија и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, делегација од Сојузот на Борците од Народноослободителната антифашистичка војна, делегација на Собранието на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК