Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе се ревидираат менаџерските договори, има претрпијатија кои прават загуби, а менаџерите добиваат високи плати

„За некои јавни претпријатија донесовме одлука за ревизија на менџерските договори. Видовме прилично високи износи на плати за менаџерски договори, особено за јавни претпријатија кои прават загуби“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека менаџерите на јавните претпријатија ќе треба да применуваат искуства од приватниот сектор и да испорачаат резултати – зголемување на приходите и намалување на трошоците, за да може да ги уживаат привилегиите кои ги нуди менаџерскиот договор.

„Имаме одлука за намалување на паушалите и примањата за членовите на управните одбори, а ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на најголемиот дел од јавните претпријатија каде се креираат загуби“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така кажа дека јавните претпријатија ќе треба да направат и анализа колкав број на вработени им се потребни во секој момент, за да може дел од нив да се испратат на годишен одмор, со цел да се заштеди електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +