Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: 41 илјада граѓани и 130 илјади пензионери ќе имаат финансиска помош

„Со измени во законската регулатива ќе се обезбеди неколкумесечна финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани. Тука мислам на 41878 лица кои ќе добијат вкупна поддршка од 12 илајди денари и поддршка за над 130 илјади пензионери“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека се опфаќа широк спектар на граѓани од ранливите категории кои имаат ниски приходи и на кои оваа финансиска помош ќе им помогне полесно да се справат со кризите.

„Планот е да се почне со исплатата од ноември. Се надевам дека сите партии и пратеници во Собранието ќе се на висина на задачата и веднаш штом предлогот е доставен ќе биде одобрен“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така кажа дека Владата донесе одлука да продолжи да се субвенционира цената на електричанта енергија за 610 илјади домаќинства и околу 72 илјади мали потрошувачи. Без оваа субвенција, како што кажа Ковачевски, граѓаните би плаќале пет пати повиски сметки за струја.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +