24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Градоначалниците направија екстензивни буџети како да не сме во криза

„Општините ги правеа своите буџети во економска криза. Локалните избори беа пред крајот на минатата година. Тогаш, по изборната победа, тие не сметаа дека има енергетска криза и направија екстензивни буџети. Сега почнуваат да признаваат дека не може да ги реализираат ветувањата кои ги дале, тоа го направи градоначалничката на Град Скопје“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека државата ќе помогне дел од комуналните претпријаија, како водоводните компании кои за снабдување со вода на населението користат водни пумпи. Како што кажа премиерот, овие претпријатија ќе бидат ставени на субвенционираниот пазар со цел да плаќаат пониски цени за струја.

„Тоа ќе им олесни, но нема да им олесни за осветлување и затоплување на канцелариски простории. Ќе треба да менаџираат со бројот на вработени и просторот. Бевме сведоци кога локалната власт во Скопје меѓусебе се обвинуваше дека безпотреба вработиле 100 луѓе со договор на дело. Ако просек трошокот на еден вработен е 1000 евра – плата, придонеси, струја, тогаш тоа се 100 илјади евра. Сметката за струја не е 100 илјади евра“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека и јавните претпријатија ќе мора да функционираат на начин согалсен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза.