Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Бектеши се сретна со контактите на Мицкоски – граѓани на Србија и БиХ со руски гас, чекаме понуда

„Министерот за економија, Крешник Бектеши, во Србија имаше состанок со контактите на Мицкоски. Тој кажа дека се работи за граѓани на Србија и Босна и Херцеговина и за руски гас“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека нема да ги открива имињата на луѓето и компаниите, а за тоа дали ќе достават понуда за набавка на енергенси останува на нив.

„Понудата треба да биде со количини, со банкарски гаранции и квалитет. Истите услови што важат за сите други понуди. Архивата на ЕСМ од првиот ден е отворена за понуди“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Мицкоски прво во јавноста претставуваше дека има понуди за поевитн гас, па потоа тие понуди станаа контакти, а на средбата со економскиот тим на владата и тие контакти станаа позиции.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК