18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Државата ќе дели помош во пари и до 3.000 денари/месечно за повеќе групи на граѓани како помош за кризата – Еве кој се’ ќе добие поддршка во наредните 4 месеци

Владата донесе серија мерки кои треба на граѓаните да им помогнат да се справат со енергетската и економската криза која го зафати Светот

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

Финансиска поддршка од државата ќе добијат ранливи категории на граѓани кои користат право на:

– Социјална сигурност; Лицата кои го користат правото за попреченост; Родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток; Лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост; Лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост; Самохрани родители корисници на Гарантиран минимален приход и Невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Со мерката е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица, согласно погоренаведените категории. Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза. Вкупните фискални импликации за оваа мерка се проценети на 502.536.000 денари или 8.171.317 евра.

Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, како мерка за заштита од прагот на сиромаштија во услови на енергетската и ценовната криза, и тоа:

-Приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и pриматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Со оваа мерка, според проценките, државна финансиска поддршка ќе добијат околу 153.000 пензионери или околу 45 проценти од вкупниот број пензионери во државава. Фискалните импликации се 12,2 милиони евра.