3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

Општина Центар за помалку од една година отвори три пензионерски клуба со што го исполни ветувањето и барањето на пензионерите во предизборниот период. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска го отвори пензионерскиот клуб кој го носи името на најмладиот партизан Миле Арсовски кој со своите 16 години жестоко се борел за ослободување на Скопје.

„Денеска за помалку од една година од мандатот успеавме да го исполниме барањето на пензионерите во предизборниот период кое се однесуваше на отворање на три пензионерски клуба на локации кои самите ни ги посочија. Навистина ми е чест и задоволство да соопштам дека овој пензионерски клуб го носи името Миле Арсовски, име на најмладиот народен херој кој живеел близу оваа локација. Благодарение на храброста на нашите борци денес живееме во слобода и од нашите највозрасни граѓани слушаме за неизмерната љубов и пожртвуваност на партизаните кон татковината“, изјави Герасимовски.

Со отворањето на овој пензионерски клуб општината брои вкупно 8 клубови за пензионерите што ја покажува нашата грижа и помош за оваа категорија на граѓани.

Општина Центар минатата недела го отвори пензионерскиот клуб во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ каде највозрасните граѓани од Крњево и Кале ќе може да се сретнуваат и дружат.

Општина Центар исто така за пензионерите го спроведува и проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ со што обезбедува домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози на 90 корисници со полни 62 години. Во соработка со „Банка за храна“ Општина Центар секој месец доделува пакети со храна и хигиенски производи за пензионерите со ниски примања.

Општината Центар ќе продолжи да работи силно и посветено за највозрасните граѓани во општината да имаат безгрижни пензионерски денови.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

M T

По 1.000 денари за пензионерите во април, мај и јуни

M T

Герасимовски: По барање на граѓаните, идејното решение за улицата Мирослав Крлежа во Дебар Маало ќе има измена

M T

Герасимовски додели 81 стипендија на ученици за учебната 2021/2022 година

M T

Герасимовски: Отвораме три нови пензионерски клубови – ги реализираме изборните ветувања

M T

Герасимовски ја презема функцијата: Чесно и одговорно ќе раководам со општината

M T