Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Министерот Спасовски во посета на Кралството Холандија

Во текот на следните два дена (29-30.09.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи е во посета на Хаг, Кралство Холандија, седиштето на ЕВРОПОЛ, при што ќе оствари средба со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, по што ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, како и посета на бирото на Република Северна Македонија во Европол.

Истиот ден, министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со Заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, и ќе се сретне со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.

Следниот ден министерот Спасовски ќе ја посети Амбасадата на Република Северна Македонија во Кралството Холандија.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК