13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија амандманите на СДСМ и Коалицијата, во Прилеп поскапуваат градскиот превоз и сметките за вода и ѓубре

Претседателот на Советот на општина Прилеп, Дејан Проданоски како неосновани ги отфрли сите 400 амандмани на СДСМ и Коалицијата, односно не го прифати предлогот да бидат ставени како точки на дневниот ред на денешната 15 седница на општинскиот Совет.

Амандманите се однесуваа против предлог-одлуките на ЈКП „Водовод и канализација“, ЈКП „Комуналец“ и ЈП за ПУП, со кои меѓу другото се бара поскапување водата за пиење, надоместокот за прочистување на отпадните води, собирањето на отпадот, одржувањето на гробните места, како и зголемување на цените на јавниот градски превоз и школскиот превоз на учениците и наставниците.

Иако на ланските избори едно од ветувањата на тогашниот кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, а сега актуелен градоначалник Борче Јовчески беше дека после неговата победа ќе ги намали сметките за вода, денеска се случи токму спротивното.

Советниците од владејачкото мнозинство не ги прифатија ниту предлозите на СДСМ и Коалицијата, со кои се бараше симнување од дневниот ред на точките кои се однесуваа на предлозите за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз.

Со транспаренти со кои го осудија неразумното опозициските советници го искажаа својот протест против неприфаќањето на нивните предлози

Незадоволството од поскапувањето на услугите на локалните јавни претпријатија и газењето на дадениот збор од страна на градоначалникот Јовчески, опозициските советници го искажаа со истакнување транспаренти.

Спонзорирано: