Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со тендери, а не со граѓаните

„Парното греење во град Скопје е обврска на Градот Скопје, меѓутоа сите бевме сведоци дека градоначалничката Арсовска и партијата која ја поддржа, ВМРО-ДПМНЕ, одбија да управуваат со нешто што е комунална услуга“ рече премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.

Тој додаде дека сега е јасно зошто тоа го одбиле, бидејќи наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните, тие се занимавале со тендери.

„Градоначалничката на градот Скопје која беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник, каде што на сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, тие всушност 11 месеци договарале тендери. За тоа тие самите зборуваат, не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по пресконференции. И на крајот што се случи? Не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека иако Град Скопје одби да се погрижи за парното за скопајни, Владата настапи одговорно и го презеде управувањето, поради што во ЕСМ ќе се формираат три компании кои ќе го снабдуваат главниот град со топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК

Циклонска офанзива ја погодува Македонија: Снег и застудување во следните денови

ДЕСК

Чудна БОЖИЌНА кражба во Скопје: Тинејџери украле книги од Државниот архив – полицијата ги пресретнала и уапсила на Партизанска

ДЕСК