22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Владините мерки со ефект – имаме непречена струја, парно и храна

„Минатата година подготвувавме пакет на антикризни мерки во однос на зголемените цени на енергенсите и намалената достапност и нефункционирањето на логистичките канали во однос на снабдувањето со храна. Тоа резултираше со недозволување на ценовен шок за граѓаните и за малите потрошувачи во однос на снабдувањето со електрична енергија, како и овозможување на непречено снабдување. Исто така обезбедивме и непречено снабдување со топлинска енергија за градот Скопје и непречено снабдување со храна за сите граѓани на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.

Тој додаде дека денес целиот свет зборува дека следува најтешката зима после Втората светска војна, поради што државата има план за зголемување на производството на електрична енергија од државните капацитети кои се на располагање.

„Направивме состаноци со сите соседни држави за да се овозможи непречен проток на енергенски. Со Грција договоривме непречено снабдување со јаглен и мазут, со Албанија непречен проток на јаглен. Ги активиравме капацитетите кои порано не беа користени за електрична енергија како Осломеј и ТЕЦ Неготино, а разговараме со Бугарија и да нема прекин на меѓународните конекции за електрична енергија во текот на зимата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека се разговара со Србија и Турција за обезбедување на електрична енергија по цени кои ќе бидат соодветни за нашето состапнство и кажа дека државата продолжува да ја субвенционира за 80 отсто цената за електрична енергија за 600 илјади домаќинства и 70 илјади компании на регулираниот пазар.

Спонзорирано: