„Отворен Балкан“ денес е успешен пример на регионално поврзување, тоа придонесе во заедничките заложби за укинување на непотребните бариери а во актуелниот конктекст на глобална криза ни овозможи да осигураме достапност на храна за нашите граѓани, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање во ООН во рамки на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации.
„Регионалната соработка, во актуелен контекст ни овозможи да осигураме достапност до храна за нашите граѓани, со тоа што договоривме да си помогнеме, доколку се соочиме со недостиг на својот, домашен пазар, како последица од глобалната криза и нема да имаме забрани за тргување на основните земјоделско-прехранбени производи. А, активно разгледуваме и опции за меѓугранична трговија со електрична енергија и помош со енергенси, во напорите за надминување на енергетските состојби со коишто е соочен целиот свет.„ рече Ковачевски.
Ги градиме и доборососедските односи со чувство на одговорност и низ дијалог, уверени дека чувањето на националните и државните интереси не е спротивно на пошироките интегративни процеси и унапредената соработка со нашето опкружување, туку напротив – себепотврдувањето најадекватно доаѓа до израз во поширока заедница, на споделени вредности, рече Ковачевски во обраќањето на македонски јазик во рамки на Генералното Собрание на ООН во Њујорк, САД.