14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕУ испрати покана до 44 земји за самитот во Прага, меѓу нив и за Македонија

Европската Унија ги покани шефовите на 44 држави и влади да присуствуваат на самитот во Прага по повод формирањето на европската политичка заедница на 6 октомври.

Покрај 27-те земји членки, на состанокот беа поканети претставници на земјите кандидати – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина и Молдавија, како и други земји од Западен Балкан, но и Турција и Велика Британија, објави неименуван претставник на ЕУ, пишуваат австриските медиуми.

Поканети беа и конфликтните кавкаски републики Ерменија и Азербејџан.

Целта на новата политичка заедница е да создаде можност за разгледување прашања од заеднички интерес преку зајакнување на безбедноста, стабилноста и благосостојбата во Европа.

Новиот формат за разговор се воспоставува на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во мај, говорејќи во Стразбур, предложи нов формат за политичка соработка.

Макрон потоа посочи дека во тој формат треба да учествуваат сите демократски земји, кои споделуваат исти вредности.

Учесниците на состанокот во Прага беа поканети од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, како и од Чешка, која ќе претседава со Унијата до крајот на годината.