13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на Џафери со европратениците Бутикофер и Стрик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес оствари средба со делегација од европратеници на зелените/Европска слободна алијанса (EFA) од Европскиот парламент, во состав: Тинеке Стрик, европратеничка од Холандија, известител во сенка и портпарол за Република Северна Македонија, и Рајнхард Бутикофер, европратеник од Сојузна Република Германија.

Изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери се заблагодари за одличната соработка и континуираната поддршка на Европскиот парламент за нашите евроинтеграции.

Од негова страна посебен акцент беше ставен на макотрпниот пат што граѓаните и политичарите го поминаа за остварување на двете стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ, од кои едната е веќе реалност, а за втората од јули оваа година, конечно, влеговме во последната фаза од пристапувањето.

Претседателот Џафери ги информира соговорниците за активностите на државните институции за поддршка на институциите на Украина и приклучувањето кон санкциите кон Руската Федерација, како и за неговата посета на Украина и средбите со претставниците на државниот врв на земјата.

Стрик го поздрави одржувањето на денешната средба нагласувајќи дека делегацијата, во чиј состав е и самата, во повеќе наврати ја посетува Република Северна Македонија и е нејзин безрезервен пријател и особено се радува за почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Спонзорирано: