Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

203 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК