20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе има ли онлајн настава?: „Владата и општините да изнајдат решение“ – СОНК e против идејата за онлајн настава поради заштеда на струја

Владата и Заедница на единиците на локална самоуправа заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата, порача Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Синдикатот смета дека наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците.

За прашањето дали да се прибегне кон онлајн настава за да се заштеди струја или да се оди на училиште со физичко присуство се дискутира деновиве, откако општините од Полошкиот регион побараа поради енергетската криза зимскиот распуст да се продолжи и да трае два месеци или да се организиран онлајн настава.

Идејата ја презентираше градоначачникот на Гостивар, Арбен Таравари за да нема високи трошоци за затоплување на училниците и просториите.

„Бидејќи сметките за електрична енергија се повисоки од минатата година, одлучивме како идеја да предложиме зимскиот распуст за децата да трае два месеца, во декември и јануари или во јануари и февруари, така што децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни, а новата учебна година да започне на 15 август. Или евентуално во трите месеци од зимата, декември, јануари и февруари наставата да биде онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани, имаме добри искуства во време на пандемијата и зошто сега ова повторно да не се примени во насока на заштеда на електрична енергија. За ова ќе ни треба поддршка од Министерството за образование и ЗЕЛС, а нас нé поддржуваат и други градоначалници“, изјави Таравари.

Од Владата, пак, порачаа дека во интерес на учениците е да посетуваат настава со физичко присуство.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, истакна дека Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука.

Арсовски рече дека од Министерството се исплаќаат дотации до општините.