13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Се грижиме за работниците, не со популизам, туку со системски мерки за раст на платите

„Како Влада се грижиме за правата на рагботниците и јас како министерка за труд и социјална политика, една од главните надлежности ми е да се грижам за правата на работниците, но не со популистички мерки, туку со системски решенија за постојан раст на нивните плати“ изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека една од првите работи донесени од новата Влада е растот на минималната плата, која до 2017 година изнесуваше девет илјади денари, а сега е 18 илјади денари.

„Двојно зголемена минимлна плата значи двојно поголем приход кај работниците. Владата мисли на работниците и се грижи за нив, па работиме на нов општ колективен договор, со кој ќе имаме нова методологија што ќе значи постојан раст на платите во јавниот сектор“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека се работи и на нов закон за плати во јавен сектор, со кој ќе се реши хаосот со платите и исплаќањето на различни плати за иста работа на исто работно место во различни инсттуции.

„Еднаш засекогаш ќе донесеме системско решение за платите во јавниот сектор, со што ќе се гарантира растот на платите и тоа нема да зависи од министерот или Владата“ рече Тренчевска.

Спонзорирано: