Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Милевски се повлекува од Владата, ќе го замени Ристо Пенов?

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милевски планира да се повлече од функциите, а, според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката.

Cпоред неофицијални информации на Фокус, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.

Најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е пратеничката Моника Зајкова, која треба да ја презеде функцијата на редовниот конгрес што ќе се одржи до крајот на годинава, дознава Фокус.

Иако Милевски и пратениците Зајкова и Мојсоски имаа различен став во однос на таканаречениот француски предлог, партиски извори велат дека дискусиите за трансфер на власта во партијата се водат во конструктивна атмосфера, без тензии и конфликти.

Што се однесува до новиот министер за локална самоупава, соговорници на Фокус посочуваат дека во најтесна конкуренција се двајца кандидати, меѓу кои е и поранешниот партиски лидер и скопски градоначалник Ристо Пенов.

Инаку, Милевски го презеде управувањето со ЛДП во 2015 година, наследувајќи го Андреј Жерновски, кој премина во СДСМ откако му заврши мандатот како градоначалник на Центар.

Можеби ќе ве интересира

Каде е Никола Груевски?

ДЕСК

ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ: Oд топло време до дожд и северен ветер

ДЕСК

СКАНДАЛОЗНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОЛЖНОСТ: полицаец барал 1200 евра за „мирно решавање“

ДЕСК