Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Германија воведува нова обврска – ќе ги погоди сите работници

Според одлуката на Сојузниот суд за труд (БАГ), во Германија е воведена обврската за евиденција на работното време.

Според германскиот закон за работно време, досега требаше да се документира само прекувремената и неделната работа, а не целото работно време, пренесува магазинот Феникс.

Одлуката на БАГ е предмет на жестока дебата во владата на коалицијата Семафор и меѓу експертите за трудово право, пишува Индекс.

Претседателот на највисокиот германски суд за труд, Инкен Галнер, вчера во Ерфурт ја оправда обврската на работодавачите систематски да го евидентираат работното време на своите вработени, со толкување на германскиот Закон за здравје и безбедност при работа по пресудата на Европскиот суд на Правда (EuGH).

Експерти: Ова ќе има далекусежни последици
Експертите очекуваат револуционерната одлука на BAG да има далекусежни последици за моделите на работно време засновани на доверба кои се практикуваат во бизнисот и администрацијата, особено што се однесува на работата од дома.

Инкен Галнер, претседателот на судот за труд, се повика на дел од Законот за заштита при работа кој ги обврзува работодавачите да воведат систем кој може да ги евидентира работните часови на вработените.

„Доколку германскиот Закон за здравје и безбедност при работа го толкувате според одредбите на Европскиот суд на правдата, тогаш веќе постои обврска да се евидентира работното време“, рече Галнер.

Можеби ќе ве интересира

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

ДЕСК

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

ДЕСК

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

ДЕСК