Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДРАМА НА УЛИЦА „СТИВ НАУМОВ“: Возач тешко повреден откако удрил во „пежо“, „цитроен“ и „форд“

На 26.06.2026 во 16:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул. „Стив Наумов“ во Струмица, В.К. (40) од Струмица управувајќи патничко возило „фоксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирани возила „пежо“, „цитроен“ и „форд“, сите со струмички регистарски ознаки.

При тоа, В.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на СВР Струмица, а при тоа е констатирано дека В.К. не поседувал возачка дозвола. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.