Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Македонската армија вработува 200 професионални војници – плата 25.000 денари

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава.

– Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: javenoglaspfv@morm.gov.mk и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК