Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Проштална средба Османи-Брнз со акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче нема што да понудат освен црни сценарија и лаги, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизира економијата и носи раст и развој

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори

ДЕСК

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН ПОЛИЦАЈЦИ НА ДОЛЖНОСТ ВО ПРИЛЕП – Приведен 54-годишник по пријава за нарушување на јавниот ред и мир

ДЕСК